Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM во очај, почна да го дели и ветерот на партиски: дали е „на Мицкоски“ или „за граѓаните“?

Во својата нова епизода на безидејност и површност, СДСM излезе со соопштение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во својата нова епизода на безидејност и површност, СДСM излезе со соопштение во кое „македонскиот ветер“ го прогласи за национално богатство што Владата го злоупотребувала за „приватни интереси“, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за инвестиција од половина милијарда евра во ветерен парк од приватна компанија, која ќе продава струја на светски енергетски гигант, проект што, според сите светски стандарди, претставува успех и позитивна вест за економијата.

Но, според СДСM, проблемот е во тоа што ветерот „не останал македонски“. Не знаевме дека и ветерот има партиска припадност, па оттука ги прашуваме:

Реклама

– Кој ветер е „сдсмовски“, а кој „вмровски“?

– Кој дуваше додека Заев ја продаваше Македонија, и кој беше одговорен за проветрувањето во кабинетот на Филипче додека се местеле тендери?

– Дали ветерот од Атина кој ги донесе бугарските барања за уставни измени е прифатлив за СДСM?

Очигледно, не е само вселената неограничена, како што рекол Ајнштајн, туку и фантазијата на СДСM кога се во опозиција. Наместо да се радуваат што странски инвеститор верува во Македонија и вложува огромен капитал, тие плачат поради ветер што не можат да го контролираат, ниту на терен, ниту во сопствените редови.

Граѓаните немаат време за вакви небулози. Тие сакаат поевтина струја, стабилен систем и нови инвестиции. А такви проекти Владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно реализира. И ветерот е со нас, затоа што ние знаеме како да ја движиме Македонија напред.

СДСM, партијата што го продаде името, националноста и јазикот, сега зборува за „македонски ветер“?!

Партијата што потпиша предавнички договор со Бугарија, обезличувајќи ја сопствената држава и сопствениот народ, сега одеднаш се загрижила за „националното богатство“ наречено ветер?

Партијата што ја потопи државата во корупција, поради која целиот свет денес нè нарекува „северномакедонци“, сега зборува за „македонски ветер“?!

Партијата што ги продаде граѓаните, откако претходно темелно ги ограби, денес, во очигледна состојба на политичка и ментална дезориентација, се дрзнува да држи лекции за користењето на ветерот. Ветер кој, за разлика од нив, барем носи енергија, инвестиции и напредок.

Очигледно, некој додека го пишувал ова соопштение се водел по платформата „ветерот дува, зошто да не и ние“, па откако се придружил на ветерот – го напишал најнепромисленото и најбесмислено соопштение досега.

Ова не е партија што се грижи за интересите на граѓаните. Ова е партија што нема компас, нема идеи, нема срам.