Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM со политички манипулации за долгот, фактите покажуваат намалување на јавниот долг 

СДСM повторно се обидува со манипулации со бројки да создаде слика дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM повторно се обидува со манипулации со бројки да создаде слика дека државата е пред финансиски колапс. Но проблемот за СДСM е што нивната политичка математика не се совпаѓа со официјалните податоци. Тезата дека Македонија „брутално се задолжува“ и дека јавниот долг излегува од контрола паѓа пред една едноставна бројка: на крајот на вториот квартал од 2026 година јавниот долг изнесува 58,8% од БДП. Тоа е за 0,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2025 година и дури 2,6 процентни поени помалку во однос на крајот на 2024 година, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на СДСМ.

Ако долгот „експлодира“, како што тврди СДСM, тогаш нека објаснат како неговото учество во БДП се намалува.

Одговорот е едноставен. СДСM намерно ги собира сите износи на обезбедено финансирање и ги прогласува за „нов долг“, но молчи за милијардите евра што државата истовремено ги враќа. Тоа не е економска анализа, туку политичка манипулација.

Реклама

Само од втората половина на 2024 година до денес Министерството за финансии има сервисирано обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра: 786 милиони евра во втората половина на 2024 година, 2,198 милијарди евра во 2025 година и 1,571 милијарди евра во 2026 година.

Тоа се 4,556 милијарди евра кои СДСM ги нема во својата пресметка.

Само годинава целосно е исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година, во време на владеењето на СДСM. Од неа, 383,7 милиони евра беа исплатени предвремено во февруари, а останатите 327,9 милиони евра при достасувањето. Со предвремената отплата беа заштедени и 3,2 милиони евра буџетски средства.

Затоа, пред СДСM да држи прес-конференции за тоа кој ја задолжувал државата, добро е прво да погледне кога се создадени обврските што денес ги плаќаме.

Оваа Влада денес обезбедува средства за тековното функционирање и развој на државата, но истовремено враќа милијарди евра обврски преземени во минатото. И покрај тоа, јавниот долг во однос на БДП е намален.

А што е оставено за плаќање во следните години најдобро покажуваат бројките.

Во периодот 2027–2031 година државата треба да сервисира околу 5,129 милијарди евра главница и околу 2,396 милијарди евра камати – вкупно околу 7,525 милијарди евра.

Тоа се реални обврски со конкретни рокови на достасување. Затоа сериозна Влада однапред го планира нивното сервисирање и рефинансирање. Само неодговорна опозиција може секое рефинансирање на стар долг да го прогласува за целосно „нов долг“, а притоа да премолчи кој и кога го создал долгот што сега достасува.

Најдобриот показател за тоа дали долгот е под контрола не е политички избрана апсолутна бројка, туку неговото движење во однос на економијата. А тука СДСM повторно има проблем со фактите: јавниот долг е 58,8% од БДП и е за 2,6 процентни поени понизок отколку на крајот на 2024 година. Тоа е одговорот на нивната теза дека „од нешто правиме ништо“. Напротив, се сервисираат милијарди евра стари обврски! Тезата дека „касата е празна“ е уште една политичка конструкција. Фактот дека државата се финансира на домашниот и меѓународниот пазар не значи дека „нема пари“. Тоа е нормален дел од управувањето со јавните финансии – се финансира буџетскиот дефицит, се рефинансираат обврските што достасуваат и се обезбедува навремено сервисирање на долгот.