Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати 

СДСM повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати. Времето на СДСM, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко.Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика.За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати. Времето на СДСM, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко.Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика.За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конфгеренцијата на СДСМ. 

Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.

Наспроти деструкцијата и хаосот што владееле во минатото, денеска имаме и зголемување на субвенциите во делот на сточарството.

Реклама

Финансиската поддршка за предадено млеко се зголеми и тоа:

-кравјо од 5 на 6 денари.

-овчо и козјо од 6 на 7 денари.

Се зголеми и финансиската поддршка од 4.000 на 6.000 денари за товни раси на говеда и зголемување од 3.000 на 4.500 денари за сите остананати раси или мешавини од различни раси.

За обележани грла овци постари од 12 месеци, има зголемување на поддршката од 2.000 на 3.000 денари, исто така и за обележани грла кози постари од 12 месеци, се зголеми поддршката од 2.000 на 3.000 денари.

По неколку години застој, се креираше нова мерка за зголемување на бројот на основното стадо во која висината на поддршката е за 30% повисока од основните мерки за пријавен број на обележани говеда, овци и кози.

Со ова фармерите ќе се поттикнат за зголемување на бројот на основните стада.

СДСM го уништи сточарството во Македонија со нивните штетни политики.

Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон создавање на модерно и конкурентно земјоделство.