Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

Кога СДСМ зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога СДСМ зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.

ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП. Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДСМ и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Реклама

Тоа е сметката што ја остави СДСМ со ДУИ и треба  да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.

Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти. Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДСМ и ДУИ е околу 2,6 проценти. Затоа наместо СДСМ да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе.