Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Откако му заврши музичката кариера по локалните меани, Наумоски од Ѓорче ќе се бори против корупцијата

Александар Наумоски, поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСM, а поставен за член на ИО на партијата од Филипче, денес говори за борба против корупција. Јавноста добро го памети Наумоски по тоа што уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата, а потоа по неговите настапи по локалните меани – се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Наумоски, поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСM, а поставен за член на ИО на партијата од Филипче, денес говори за борба против корупција. Јавноста добро го памети Наумоски по тоа што уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата, а потоа по неговите настапи по локалните меани – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Наумовски од СДСМ.

Последните 6 месеци од мандатот се обиде да протурка 25 урбанистички планови, а во меѓувреме граѓаните ги примора да се соочуваат со проблеми како недостиг на вода, тука е и депонијата, па лажеше за нова амбуланта и голем мултифункционален објект во Дексион. 

Инаку, во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат.

Реклама

Со ова, Наумоски ги исполнува условите да биде дел од најтесниот круг во СДСM, а тоа е криминалот и корупцијата.