Реклама

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме ЈО темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал во согласност со законот и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена.

Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување минимум стандарди. Наместо овие објекти да служеле за безбедност на граѓаните, тие не биле во согласност со пропишаните стандарди за изградба на објекти од областа на здравството.

Реклама

Зошто законите не се почитувале и се импровизирало при нивното спроведување?

Зошто не биле доследно применети Законот за градењето и Законот за здравствената дејност?

Зошто профитот бил ставен пред јавното добро?

Филипче и СДСМ, наместо безбедноста на граѓаните, ги интересирале провизии, анекси и тендери.

Во време на Филипче се вршеле набавки на вакцини од фирма што продава манго и ананас. Дополнително, се делеле физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија.

Пожарот во модуларната болница во Тетово исто така се случил поради низа пропусти при изградбата на објектот.

Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово.