Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

„Матица македонска“ го објави патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ

Во издание на „Матица македонска“ излезе патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во издание на „Матица македонска“ излезе патописот „Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ. Книгата го враќа читателот во Охрид, Струга и езерските населби од пред повеќе од 130 години. Иван Антоновски го преведе делото непосредно од првото издание од 1894 година, а во македонската книга се вклучени и илустрациите од тоа издание.

Авторот на „Госпоѓа министерка“ и „Сомнително лице“ овде се претставува како патописец со изразено чувство за подробноста. Покрај езерските предели и знаменитостите, неговото внимание го привлекуваат обичаите, занимањата, преданијата и начинот на кој луѓето го организираат секојдневниот живот.

-Записите за Охрид и Струга, за крајбрежните населби и манастирите, ги доближуваат и помалку видливите страни на познатиот простор. Рибарството и локалните кажувања заземаат место покрај историските податоци и описите на природата. Така, во патописот се зачувани и навики и гласови што тешко се наоѓаат на денешната туристичка карта. За македонскиот читател, привлечноста на ова издание е и во споредбата меѓу познатото крајбрежје и неговиот изглед во записите на Нушиќ. Имињата, местата и преданијата добиваат временска длабочина, а писателскиот поглед ги претвора податоците во живо сведоштво за една епоха. Илустрациите од првото издание се значаен дел од таа средба со минатото. Заедно со текстот, тие покажуваат како езерото и животот околу него биле забележани и претставени на крајот на XIX век. Книгата им се обраќа и на читателите на Нушиќ и на сите што се интересираат за историјата и културата на охридскиот крај, наведува „Матица македонска“.

Реклама

„Крај бреговите на Охридското Езеро“ е достапна во книжарниците на „Матица македонска“ и на matica.com.mk.