Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нови проекти за Радовиш што се развива во модерена и урбана општина 

Во изминатиот период реализирани се и започнати бројни проекти во Радовиш во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатиот период реализирани се и започнати бројни проекти во Радовиш во инфраструктурата, образованието, спортот, културата, животната средина и локалниот економски развој, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во тек е реализација на договор за уредување на јавни површини, поставување на бекатон во градот Радовиш и населените места, завршена е реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“, се реализираа активности поврзани со регулацијата на Ораовичка Река, во село Воиславци се реализираше регулацијата на поројот и изградбата на улица по трасата на поројот, при што проектот влезе во завршна фаза, продолжи изградбата на обиколницата „Малешевски пат“ кај село Подареш.

Во период од една година во Радовиш посебен фокус е ставен на младите, со субвенции за возачки дозволи и велосипеди, униформи за првачиња, поддршка за матурантите и ослободување на младите до 35 години од комуналии при изградба на нов дом.

Реклама

Беа доделени субвенции за добивање возачка дозвола, при што 91 млад човек го оствари правото на субвенција во износ од 12.000 денари, беа доделени 25 субвенции за купување велосипеди, на учениците од прво одделение им беа обезбедени ученички униформи, на матурантите и полуматурантите им беа покриени трошоците за матурската прослава, беа наградени и одликувани образовните работници по повод Денот на просветните работници.

Посебно значајна беше мерката за ослободување на младите до 35 години од плаќање комуналии при изградба на нов дом. Интересот за оваа мерка покажа дека постои реална потреба од создавање услови младите луѓе да останат, да градат домови и да го планираат својот живот во Општина Радовиш.

Во Радовиш се инвестира и продолжува со инвестиции во улици, јавни површини, спортски и културни објекти, Градскиот пазар, противпожарната единица и подобри јавни услуги.

Целта на локалната самоуправа во Радовиш е јасна, Радовиш да биде современа, развиена и модерна општина, во која младите ќе остануваат, ќе создаваат семејства и ќе ја градат својата иднина.

Заедно создаваме подобар Радовиш.