Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДСM, во чие време инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, им смета што сега се стави под контрола и втор месец по ред се намалува

Чуден некој феномен ги зафатил СДСM. И при јасни и релевантни резултати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чуден некој феномен ги зафатил СДСM. И при јасни и релевантни резултати и податоци да не сакаат да прогледаат. Сега им најдоа замерка и не им се допаѓа методологија за трошоците на живот кои ги пресметува Државниот завод за статистика, само затоа што резултатите не се онакви какви што тие посакуваат. Ги разбираме дека се во изборна кампања, но не мора на се црно да гледаат, дури и кога резултатите се позитивни. СДСM може да ги гледаат, може не, може да ги признаваат или не, но фактите следни и се јасни, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

По долги години власт на СДСM со двоцифрена инфлација, конечно таа е ставена под контрола и веќе почна да се намалува. Ова втор месец по ред како реалната инфлација во државава се намалува.

Според податоците на ДЗС, инфлацијата во септември 2025 во однос на август 2025 година бележи намалување од 0,2% и тоа е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи, како транспорт за 3,3 отсто, ресторани и хотели за 1,3 отсто, рекреација и култура за 0,7 отсто, облека и обувки за 0,3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,2 отсто и храна и безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.

Реклама

Покрај намалувањето на инфлација, во државата четврт квартал последователно БДП бележи раст од 3 или над 3%, а минатата година заврши со историски највисоко ниво на странски инвестиции во висина од над милијарда и 250 милиони евра.

Да, и ние се согласуваме дека и ова е малку, но исто така повторуваме дека ова е почеток на враќање на состојбите во нормала и на заздравување на економијата.

Добро е што сега, за разлика од времето на власт на СДСM кога инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, сега зборуваме за забавување на инфлацијата, кои се резултат на добро проектираните економските мерки и политиките на Владата.

Преку економски модел на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, државата се движи кон целосна трансформација и подобрување на животниот стандард за граѓаните.

Приоритет и цел на Влада е да се обезбеди иднина, просперитет и поквалитетен живот за сите граѓани, а податоците потврдуваат дека со многу труд, посветеност и напорна работа, полека но сигурно се остваруваат.