Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче и СДСМ им пречи тоа што Македонија напредува, за нив напредок е само преку национални отстапки 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и  Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  Тоа им пречи на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања. Македонија е лидер во реформите и  Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тоа им пречи на СДСМ и на Филипче и затоа упорно тврдат дека без отстапки нема напредок.

Затоа граѓаните ги испратија СДСМ во опозиција, и неколкупати на избори им ја повторија пораката. Затоа што знаат дека на СДСМ не им е важна ниту државата, ниту народот, ниту идентитетот, ниту јазикот, ниту името. Нив ги интересира само власт, пари, моќ, амнестија. 

Реклама

Бугарија ја ветоизира Македонија на евроинтегративниот пат, а Филипче постојано се усогласува со ставовите на бугарската министерка за надворешни работи, Петрова Чамова. 

Па така, Венко Филипче како специјален бугарски пратеник на Бугарија во Македонија, му се додворува на премиерот на Бугарија, Румен Радев, со некаква цел и замисла да дојде на власт.

Доколку Филипче и СДСМ би биле власт веднаш би прифатиле секакви национални отстапки и повторно би ја обезличиле Македонија, како што тоа било правено наназад секогаш кога СДСМ е на власт.