Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Месечно платите со ВМРО-ДПМНЕ растат околу 370, а пензиите за 300 денари, со СДСМ платите 220, а пенизиите по 90 денари

Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо, што директно придонесува за подобрување на животниот стандард и за поголема економска сигурност на граѓаните.

Ако направиме директна споредба со периодот на владеење на СДСM и ДУИ, разликата е очигледна. Кога СДСM дојде на власта, во јуни 2017 година просечната плата изнесувала околу 22.800 денари, а до периодот на заджување на власт, мај 2024 година достигнала 41.250 денари, што значи дека за период од седум години просечната плата се зголемила за повеќе од 18.400 денари, односно со просечен месечен раст од околу 220 денари – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од тоа, во јули 2024 година, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го презеде мандатот, просечната плата изнесувала околу 40.900 денари, додека во мај 2026 година достигнала над 49.500 денари, што претставува зголемување од околу 8.600 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од над 370 денари или околу 70%.

Реклама

Ова покажува дека во периодот на оваа Влада, наспроти критиките на опозициската СДСM, платите растат со значително поголема динамика.
Уште појасна е разликата кај пензиите, каде што политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носат конкретно зголемување на месечните примања на пензионерите и поголема сигурност за оваа категорија граѓани. Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари, а во мај 2024 година достигнала над 22.900 денари, што значи дека за седум години таа се зголемила за речиси 7.700 денари, односно за околу 90 денари.

Од друга страна, во јули 2024 година просечната старосна пензија изнесувала околу 22.850 денари, а во мај 2026 година достигнала над 29.700 денари, што претставува зголемување од повеќе од 6.800 денари за само 23 месеци, односно за околу 300 денари месечно или 325%. Ова е јасен показател дека пензиите, исто како и платите, во периодот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат со значително побрзо темпо во споредба со претходниот период на владеење на СДСM и ДУИ.

Овие бројки се доказ дека економските политики даваат конкретни резултати и граѓаните можат директно да ги почувствуваат во своите семејни буџети.

Разликата меѓу двете политики е јасна, додека претходната власт ништо не направи, а имаше години на располагање да го подобри животниот стандард на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за значително пократок период успева да обезбеди посилен раст на приходите и да создава услови за повисок животен стандард.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не застанува тука, туку продолжува со политики насочени кон повисоки плати и пензии, привлекување нови инвестиции, отворање нови работни места и создавање посилна и поконкурентна економија.