Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДСМ и ДУИ

Талогот од СДСМ се махери сами да си дадат автогол. Актуелната Влада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот од СДСМ се махери сами да си дадат автогол. Актуелната Влада нема никаква врска со приватен договор склучен меѓу две компании. На СДСМ им работи потсвеста, заеднички со бугарската политика ја обвинуваат владата за лажни лобисти кои тие гордо ги фалеа и им делеа ордени. Што е заедничко помеѓу актуелната бугарска политика и СДСМ? Одговорот е едноставен, заеднички работат и ја обвинуваат владата за лажни лобисти, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

За која АТС Груп зборува Богданка Кузеска? Дали зборува за истата АТС Груп, фирма која ја отвори Зоран Заев и заедно со пола влада насмеан се сликаше, каде патем беше и Радмила Шекеринска која сега е заменик генерален секретар на НАТО?

Или за истата АТС Груп за која истиот Заев на отворањето на компанијата викаше дека резултат на членството на НАТО или да го цитираме „Членството во НАТО отвора нови пазари и можности за зголемување на извозот и инвестициите“.

Реклама

Можеби СДСМ и Кузеска зборуваат за истиот Демировски и АТС за кој медиуми пишуваа дека иако обвинет за шпионажа поврзана со споделување доверливи информации за воена опрема, а претходно обвинет дека поткупил лица за да му достават доверливи информации, сепак добил дипломатски пасош во владата на СДСМ како другар на Заев?  

Дали можеби Кузеска зборува за истата АТС за која Фатмир Битиќи нивниот пратеник, екс вицепремиер добиваше ордени и изјави дека ја отвораат можноста за истата да учествува во НАТО-тендерите за набавки, процес во кој тогашното министерство за одбрана предводено до Славјанка Петровска, сега пратеничка на СДСМ, дало целосна поддршка?

Или можеби СДСМ и Кузеска зборуваат за АТС за која Ковачевски како премиер и лидер на СДСМ викаше дека активно придонесува за колективниот систем на за одбрана на НАТО?

Навистина веќе е дегутантно занимавањето на СДСМ со ширење лаги и дезинформации. Тешката безидејност во која се наоѓаат веќе станува хронична состојба на една партија окупирана од криминални структури, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче.