Реклама

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника затоа што нивното „златно доба“ заврши

Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника затоа што нивното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалците во СДСМ и во МВР се во паника затоа што нивното „златно доба“ заврши, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Примислав Димовски кој исцица 40 000 евра пари на граѓаните за наводна соработка со криминализираното СЈО веќе нема да може да наплаќа услуги и ангажмани на рекетари. Заврши времето на криминалната коалиција на СДСМ со подземјето. Заврши времето кога МВР на чело со Оливер Спасовски му слугуваше на криминалот. МВР повеќе нема да ги отплаќа долговите и нема да работи за концесиите на Заев кон подземјето кое изминатите три изборни циклуси се стави во целосна служба на овој човек. Јасно е зошто Заев, Спасовски и Петровска штитеа и форсираа криминоген лик како Драган Симоновски. Притворениот Симоновски беше осомничен дека злоупотребувал класифицирани податоци за да изнудува пари, па унапреден во началник. Логично решение само за криминалците од СДСМ. Никогаш да не се повтори!, стои во нивното соопштение.

Од партијата додаваат дека неспособниот Лазе Велковски, пред очите на целата македонска јавност ја злоупотреби својата службена положба користејќи го службеното возило за да ја развозува својата ќерка. Од Заев и Спасовски беше награден со челна позиција во Одделот за организиран криминал.

Реклама

-Никогаш да не се повтори! МВР на чело со новиот технички министер ќе работи професионално и одговорно во служба на македонските граѓани. Улиците нема да бидат препуштени на криминалците. Тука е крајот на политичарите кои наместо да ги гонат се сликаа со криминалци, рекетари, бандити. Тука е крајот на коалицијата на полицијата со криминалот . Во СДСМ владее паника, стравот на Заев, Спасовски и сите нивни соработници е голем бидејќи и самите се свесни дека после 12 април ќе одговраат за стореното, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.