Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на СДСM и Филипче да се стават на линија на Кина против нашиот стратешки партнер САД

СДСM хистеричен само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM хистеричен само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД. Тоа се гледа во нивното дејствување, лажењето, заплашувањето и хистерија што ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата-центри и да се развива ИТ-индустријата. Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови на социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата-центри и системи за вештачка интелигенција.

Нам не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДСM на чело со Венко Филипче, кои се на иста линија со Кина против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава.

Реклама

Кампањата на Кина преку ботови на социјалните мрежи, со цел во Америка да се спречи дополнителен развој на вештачката интелигенција и дата-центрите, е затоа што тие им се најголема конкуренција.

Но, тоа што не е јасно е кои се целта и интересот на талогот на СДСM за тоа да го прават во Македонија и оттука да дејствуваат против нашиот стратешки партнер.

Дали СДСM повеќе би сакал во државата да инвестираат кинески компании отколку напредни ИТ-компании од САД?

Или, пак, СДСM единствено што знае е развој на марихуана-економија за свои клановски интереси, нешто што го видовме за седум години власт кога доделија 70-ина лиценци за производство на марихуана на нивни луѓе.

Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ-секторот затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот.