Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кој е Рубин Земон од СДСМ што вели дека Гоце Делчев е небитна тема, а расправата за македонскиот идентитет непотребна?

СДСМ и Венко Филипче веќе не се ни трудат да кријат. Уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче веќе не се ни трудат да кријат. Уште еден од “новите’’ лица и новата енергија на Филипче, Рубин Земон. Рубин Земон е поранешен пратеник од редовите на СДСМ, а денес член на Извршниот одбор на СДСМ, највисокиот орган во партијата. Или, деновиве познат во јавноста, како член на ИО на СДСМ кој изјави дека Гоце Делчев е небитна тема кога се зборува за историјата на државата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Член на Извршен одбор на СДСМ, Рубин Земон, лично поставен од Филипче јавно изјави дека расправата за македонскиот идентитет е непотребна, дека бугарскиот идентитет во Македонија треба да се либерализира, а за Гоце Делчев, без срам вели дека е мит, дека не напишал ништо, дека не извојувал ниедна битка.

Пред цела македонска јавност секој ден испорачуваат нови докази дека не им е гајле за Македонија, ни за македонскиот идентитет, ни за македонскиот народ. И воопшто не се срамат од тоа.

Реклама

Член на Извршен одбор на СДСМ отворено ја релативизираше улогата на Гоце Делчев и се обиде да ја сведи на небитна тема. Од СДСМ нема реакција.

И не може да има реакција, кога лидерот на СДСМ изјавува дека е подготвен да ги спроведе уставните измени, без никаква гаранција дека тоа ќе биде последното барање на Бугарија на европскиот пат на Македонија.

Ова за Филипче е безусловна подготвеност, како да станува збор за некоја административна формалност, а не за идентитетот и иднината на Македонија и на македонскиот народ.

Значи, Рубин Земон би го избришал Гоце Делчев од историјата, а Венко Филипче ќе спроведе уставни измени, без услови, без гаранции и без никакви црвени линии.

Како може Филипче да зборува за национални интереси, а од друга страна да им дава легитимитет и високи партиски позиции на луѓе кои го негираат постоењето на македонскиот народ?