Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази, кадарот на Заев и Ахмети, ја запре постапката против кадри на СДС и ДУИ за криминал во енергетиката од167 милиони евра

Кадрите на СДСМ и ДУИ во македонскиот правосуден систем, бирани во штабовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кадрите на СДСМ и ДУИ во македонскиот правосуден систем, бирани во штабовите на Бихаќка и Мала Речица, во акција за спас на криминалците од нивните редови.Ислам Абази, шеф на ОЈО ГОКК, донесе скандалозна наредба за запирање на истрагата во предметот за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Кадарот на Венко Филипче и Зоран Заев, комшија на Али Ахмети од Зајас си ја одработува добиената функција и ги брани од одговорност криминалците од СДСМ и ДУИ за милионскиот криминал со кој, освен што се богатеа на сметка на државата, ги труеа и граѓаните.

По насока на триото Филипче, Заев и Ахмети, Абази ја запре постапката во која, меѓу другите, главни осомничени беа и членот на СДСМ и бегалец од правдата Васко Ковачевски, синот на пратеник од ДУИ, Асмир Јахоски и Ратко Капушевски.

Реклама

Кога обвинителството на Абази вели дека не нашло докази за противправно постапување, зарем им треба поголем доказ и посилна индиција за сторен криминал од бегството од правдата на осомничениот Васко Ковачевски?

Ковачевски од Македонија побегна кон крајот на 2024 година и оттогаш е недостапен за органите на прогонот и тоа наместо да биде дополнителен мотив и индиција обвинителството да го води овој случај, за обвинителот Абази тоа стана решение да го затвори случајот.

Кога се работи за спонзорите и поддржувачите на Абази, нема истрага, нема случај, нема обвинети, нема обвинет, за нив не може да се најдат докази иако целата јавност го виде овој скандалозен случај за перење пари, криминал, загадување на животната средина и труење на граѓаните.

Потсетуваме дека Антикорупциската комисија утврди дека на фирмата РКМ и биле платени повеќе пари за помалку доставен мазут, дури 18 илјади тони помалку мазут е скапо наплатен. Парите отишле во нечии џебови, а мазутот не стигнал до институциите.

Кога вака постапува судството со 2% доверба од граѓаните, логички се поставува прашањето, дали дел од тие пари отишле кај менторите на Ислам Абази кои го поставија на челната позиција во обвинителството? 

Приказните кои ги раскажуваат од обвинителството дека нема штета од овој случај и дека во рамките на енергетската криза ваквите постапки биле законски исклучок, не држат вода. Зошто ниедна енергетска криза не оправдува анекси кои менуваат услови во корист на ист добавувач и плаќање за недоставени количини мазут.

Јавноста очекува одговори, зошто Ислам Абази одлучи да ја запре оваа постапка сега кога Ковачевски е во бегство, дали некој воопшто побарал сведочењето на сите засегнати страни, врз основа на чија процена е стопирана и дали таа е правна или лукративни?

Со вакви одлуки на штитење на криминалот наместо негово гонење и сузбивање, не е ни чудно што довербата на граѓаните во правосудството е само 2%.

Со ваквите постапки и одлуки не се согласуваат ниту граѓаните ниту ВМРО-ДПМНЕ и затоа го повикуваме Абази, веднаш да поднесе оставка и да остави простор за професионалците во правосудството, кои поради таквите обвинители како него, не можат да дојдат до израз во правосудството.