Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиција од 25 милиони денари за енергетски ефикасни училишта и спортска сала во Могила, нова градинка, реконструирани и асфалтирани улици

Во Општина Могила се реализираат низа проекти во инфраструктурата, образованието, спортот, социјалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Могила се реализираат низа проекти во инфраструктурата, образованието, спортот, социјалната заштита и поддршката на семејствата, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

По три децении од формирањето на Општина Могила, во завршна фаза е изградбата на првата детска градинка со капацитет за 40 деца и, дополнително, аплицирано е за адаптација на просториите во мултифункционалните објекти во Добрушево и Ивањевци за потребите на детските градинки.

Во патната инфраструктура се реализирани повеќе проекти низ населените места. Асфалтирани се улиците „АСНОМ“ и „Гоце Делчев“, со реконструиран коловоз, атмосферска канализација и тротоари, завршено е асфалтирањето на последниот дел од патниот правец Долно Српци – Беранци, во тек е реконструкцијата на улицата „Пелагонија“, а предвидено е асфалтирање и на дополнителни улици.

Реклама

Значајни средства се вложуваат и во решавање на проблемите со канализацијата и водоснабдувањето, за што потпишан е договор за доизградба на канализациската мрежа во Добрушево, додека за комплетирање на канализациската мрежа во Ивањевци се обезбедија околу 30 милиони денари, а во тек е изградба на нов водоводен систем, со кој ќе бидат опфатени речиси половина од населените места во општината.

Особено значајна е инвестицијата од 25 милиони денари во енергетска ефикасност на јавните објекти, при што се опфатени спортската сала „Иљо Лопатички“ во Могила и основните училишта „Браќа Миладиновци“ во Добрушево и „Кочо Рацин“ во Ивањевци. Проектот предвидува енергетски ефикасни фасади, топлинска изолација, нова ПВЦ-столарија, подобрување на системите за греење, модернизација на осветлувањето и поставување фотонапонски панели.

Поддршката за семејствата е проширена со повеќе мерки, така што финансиската поддршка за првачињата е зголемена на 9.000 денари, а секое прваче добива и ранец со училиштен прибор, за новороденчињата се обезбедуваат 10.000 денари за прво, 15.000 денари за второ и 30.000 денари за трето дете, додека нова мерка е поддршката од 20.000 денари за новосклучени бракови.

Во социјалната сфера, 20 обучени и лиценцирани негуватели обезбедуваат помош и нега за стари и изнемоштени лица во нивните домови, а обезбедена и опремена е просторија за пензионерите во мултифункционалниот објект во Добрушево.

Инвестиции има и во спортот и младите – изграден е нов фудбалски терен со вештачка трева во рамките на проектот „FIFA Arena“, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, обезбедена е поддршка за спортските клубови, како и средства за доопремување на спортскиот комплекс „Димче Могилчето“.

Во 12 населени места се реализираат реконструкција и изградба на детски катчиња, а преку Младинскиот центар се организираат активности и настани за младите, а паралелно се работи и на локалниот економски развој, така што во зоната Петилеп започнаа првите инвестиции, а реализирани се и обуки за ИТ-вештини и претприемништво за рурални жени.

За подобрување на комуналните услуги, во соработка со Владата се обезбедени три нови камиони, од кои два веќе се пристигнати, како и нови канти и контејнери, додека во делот на заштитата на животната средина реализирани се повеќе еколошки акции и засадени се над 200 нови садници.

Реализацијата на проектите со цел подобрување на условите за животот на граѓаните продолжува и во следниот период, со фокус на инфраструктурата, образованието, семејствата, младите и спортот во сите населени места.