Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Илјада пати повторена лага од СДСM не станува вистина

Мали Фрчко и талогот од СДСM мислат дека ако повторат некоја лага…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мали Фрчко и талогот од СДСM мислат дека ако повторат некоја лага по илјада пати, таа магично ќе стане вистина. Граѓаните јасно ги имаат прочитано очајните обиди на талогот од СДСM, но очигледно дека Фројд работи кај нив, па еве повторно да ја загушиме „бомбата’’ на СДСM. Искрено се надеваме дека овој пат СДСM не користеле психотропни супстанци, затоа што лошо им делуваат во нивниот однос кон јавноста, т.е. ги тера многу на лажење, манипулирање и дезинформирање, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Имено, во март минатата година беше јасно соопштено дека вредноста на првата оспорувана набавка изнесувала речиси 40 проценти помалку од планираната вредност. Со тоа биле заштедени околу еден милион денари од парите на граѓаните, а опремата била навремено и квалитетно испорачана. За постапката не била поднесена ниту една жалба.

Исто така, беше јасно утврдено дека државниот секретар во Министерството за дигитална трансформација не учествувал во ниту една фаза од постапките за јавни набавки, додека министерот не учествува во подготовката на техничките спецификации, евалуацијата и изборот на економските оператори.

Реклама

Денеска СДСM и мали Фрчко се обидуваат старата конструкција да ја надградат со нови инсинуации, засновани на некакви претпоставени поранешни деловни односи меѓу приватни лица. Но поврзувањето имиња и компании не е доказ за корупција, судир на интереси или незаконско влијание.

Кога станува збор за конкретниот Систем за управување со документи – ДМС, чие одржување СДСM се обидува да го претстави како афера, фактите се целосно спротивни од нивните конструкции. Од наследен и нефункционален систем, денес ДМС активно го користат повеќе од 45 институции.

Тоа значи електронско, ефикасно и следливо управување со документите и предметите во институциите. Секој предмет има електронска трага и може да се следи неговото движење и постапување, наместо да остане заборавен или намерно скриен во нечија фиока. Тоа е вистинската дигитална трансформација што СДСM не успеа да ја спроведе додека беше на власт.

На денешната прес-конференција не беше презентиран ниту еден доказ дека некој влијаел врз условите на постапките, дека критериумите биле приспособени за одредена компанија, дека била прекршена законска одредба или дека бил извршен незаконски трансфер на средства. СДСM повторно се обидува политичките претпоставки да ги претстави како пресуда.

Сите постапки во Министерството за дигитална трансформација се спроведуваат согласно законските процедури, преку Електронскиот систем за јавни набавки, од стручни комисии и со целосна документација достапна за проверка.

Додека тие рециклираат демантирани лаги, Министерството за дигитална трансформација испорачува конкретни резултати за граѓаните.

Бројот на електронски услуги е зголемен од 120 на 352, бројот на корисници од 110.000 на повеќе од 266.000, а бројот на поднесени барања од 64.000 на над 340.000. Напредокот на Македонија во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста е потврден и во релевантни меѓународни извештаи и индекси.

Токму овие резултати најмногу му пречат на СДСM. Свесни се дека Министерството бележи драстичен напредок и дека од него најголема корист имаат граѓаните.