Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за да најде одговор за намалената бројка на ученици во прво одделение, треба да погледне шест години наназад

Венко Филипче во име на СДСМ и неговото раководство кое секој ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче во име на СДСМ и неговото раководство кое секој ден ни покажува и докажува дека се талог на општеството, а за што  говорат нивните постапки, никако не можат да се вклучат во реалниот живот. Филипче за да најде одговор за намалената бројка на ученици во прво одделение, треба да погледне шест години наназад. Да, треба да погледне шест години наназад и да се сети кој бил на власт, се посочува во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателотна СДСМ Венко Филипче.

Значи, намалениот број на ученици во прво одделение годинава е резултат токму на благо кажано лошите политики на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев во кој Филипче беше министер. Мало потсетување, на сите ни е јасно какви антисемејни политики водеше СДСМ и колку не обрнуваше внимание на демографијата и иселувањето.

За разлика од талогот на СДСМ, кој само лаже, манипулира и шири паника меѓу граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како партија која ја предводи Владата е сосема свесна за ситуацијата и работи да ја подобри истата. Но, за две години чуда не се прават.

Реклама

Во овој период Владата носи посебни мерки, меѓу кои е и мерката за намалување на цената на училишниот прибор и тоа се случува трета година по ред.  

ВМРО-ДПМНЕ јасно укажува и дека ова се должи на демографијата, која во овој проблем со намалување на учениците во прво одделение, учествува со околу 90 проценти, а другиот проблем е во иселувањето. ВМРО-ДПМНЕ во овие повеќе од две години две години, активно работи на подобар животен стандард и квалитетна животна околина.