Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче со славење на бугарската победа на Евровизија потврди дека е спремен на се за власт, со СДСМ продолжуваат да се додворуваат на Бугарија и да молчат пред навредите на македонскиот народ

Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси. Филипче продолжува со поданоста и измеќарството на туѓите агенди, и уште еднаш се докажа како прв антимакедонец и побрза да ја слави победата на Бугарија на Евровизија.

Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се доказ дека Филипче е спремен на се само за да дојде на власт, па и по цена на штета на македонските интереси.

Филипче уште еднаш потврди дека за него поважни се туѓите интереси отколку достоинството на македонскиот народ и држава. Наместо јасно и гласно да застане зад националните позиции, тој упорно молчи пред навредите и негирањата кои доаѓаат однадвор.

Реклама

Наместо да се борат за македонскиот идентитет, јазик и историја, Филипче и СДСМ продолжуваат со сервилна политика и подготвеност за нови отстапки на штета на Македонија.

Венко Филипче и СДСМ никогаш немаат јасен став кога Македонија е понижувана. Додека од Софија отворено се испраќаат пораки дека барањата нема да запрат тој и СДСМ продолжуваат со политиките на попусливост и национално понижување.

Граѓаните знаат дека токму кадрите на СДСМ ја донесоа државата во ситуација постојано да биде понижувана, блокирана и условувана. Наместо достоинствена дипломатија и црвени линии, СДСМ нудеа попустливост и молк.

Филипче денес не нуди никаква визија, ниту решение за граѓаните. Неговата политика се сведува на празни изјави, калкулации и обид по секоја цена да се доближи до центрите кои бараат нови отстапки од Македонија.

Затоа довербата во Филипче и СДСМ секојдневно опаѓа. Народот не сака политичари кои се срамат од сопствениот народ, туку лидери кои ќе работат чесно, достоинствено и исклучиво во интерес на Македонија.

Токму затоа СДСМ е сега четврта партија во Македонија, а Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните. Токму поради поданичките политики на следните избори СДСМ може да исчезне од политичкиот спектар.

Македонија нема повеќе простор за политики на понижување, туку за обединување, достоинство и заштита на националните интереси.