Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се фали со одлуки на обвинител кој слепо следи партиски насоки што е сосема спротивно од европските стандарди

Венко Филипче сега се фали со одлуката на Ислам Абази да не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче сега се фали со одлуката на Ислам Абази да не поведе обвинение против него за 19 модуларни болници, меѓу кои и модуларната болница во Тетово, каде во пожар животот го изгубија 14 лица. Кога требаше да одговара пред законот за модуларните болници, кои беа поставени без да се почитува Законот за градење и без почитување на стручната јавност, токму тој систем, кој СДСM и ДУИ го обликуваа да им слугува на нивните интереси, го спаси Филипче од одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче зборува за ЕУ, владеење на право и европски вредности, а истовремено се повикува на системот кој СДСM и ДУИ го уништија додека беа на власт. СДСM и ДУИ го доведоа правосудството до ниво на доверба под 2%, а Ислам Абази, поставен во нивно време, донесе одлука која го ослободи Филипче.

Тој систем, кој е нефункционален и од кој дел е и Ислам Абази, Филипче сега го користи како аргумент, еден ден зборува за европска Македонија и владеење на правото, а следниот ден се радува на одлука на обвинителство кое не покрева обвинение против него.

Реклама

ЕУ бара независно правосудство, но наместо тоа, Филипче ја слави одлуката на обвинител поставен во систем чија кредибилност самиот тој придонел да ја урне. Тие 2% доверба во правосудството, наместо да бидат аларм, за него изгледа се  „доказ“ дека е чист. За Филипче европска Македонија значи обвинителство кое дејствува согласно неговите интереси.

Овој тип на одлуки и штетат на државата при евроинтегративниот процес и на напредокот во владеење на правото.