Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, еден од ретките што комуницира со Груби, троши 45 илјади евра за пет дена пловење со јахтата

СДСМ и Венко Филипче заглавени во безидејност и очај, исплашени од историски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче заглавени во безидејност и очај, исплашени од историски најдлабокиот изборен пораз кој им претстои, изборната кампања, наместо натпревар на идеи, ја претворија во арена за напад, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДСМ немаат што да им понудат на македонските граѓани, немаат никаква програма, идеи или проекти, ниту пак имаат со што да се пофалат за времето на нивно владеење, па уште од прв ден преминаа на црна кампања.

Па така, немајќи што да најдат против актуелната владина гарнитура, СДСМ и Венко Филипче се фатиле за еден договор во Железници, но не кажуваат колкава е договорената сума.

Реклама

И има за што не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, колку што е договорот за кој зборуваат, Филипче за јахтата ги троши само за бензин за пет дена. А, ако пак, оди на поголема дестинација или побрзо плови по морските води, тие 45 илјади евра ќе ги потроши за бензин, за приближно три дена.

Филипче, кој е поранешен министер за здравство е дел од криминалната банда на СДСМ, кои целосно го уништија македонското здравството.

За време на најголемата криза во корона периодот, додека луѓе умираа секој ден, Филипче го злоупотреби здравствениот систем за да врши набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг.

И додека народот чекаше донации од соседните држави, СДСМ и Филипче купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од реалната.

Истиот тој Филипче, сега случајно или не, се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби, едниот невиден криминалец, а другиот плус и бегалец.

Филипче можеби не знае, но помагањето на Груби за бегство од правдата, претставува кривично дело.

ЈО барем нека провери како Филипче е во комуникација со бегалец од правдата, кога веќе не го истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото СДСМ и Филипче.

А, народот со масовна излезност на изборите, уште во прв круг, да стави крај на оваа криминална банда на СДСМ и со гласање за број 9, да го направи вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.