Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја демантираат СДСМ, за две години исплативме повеќе субвенции отколку СДСМ и ДУИ за три години

СДСМ нема кредибилитет да зборува за земјоделието затоа што токму нивното седумгодишно владеење остави хаос, долгови и разочарани земјоделци. СДСМ остави заостанати субвенции кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплати на земјоделците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Денес се исплаќаат субвенциите од 2025 година кои се тековни. Кога зборуваме за исплатени субвенции од страна на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ нема кредибилитет да зборува за земјоделието затоа што токму нивното седумгодишно владеење остави хаос, долгови и разочарани земјоделци. СДСМ остави заостанати субвенции кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплати на земјоделците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес се исплаќаат субвенциите од 2025 година кои се тековни. Кога зборуваме за исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ за периодот 2021 -2023 година тогаш доаѓаме до вкупна сума која за 3 години е помала од 14 милијарди денари.

За разлика од владата предводена од СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно ќе има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години отколку што СДСМ и ДУИ, исплатиле за 3 години.

Реклама

Ова е вистината, а не конструкции на безидејната СДСМ која се обидува да ги манипулира земјоделците и граѓаните.

Во однос на сточарите и млекото, СДСМ како и кај многуте сектори, така и тука за 17 месеци во нивниот период на власт немаа исплатено субвенции за предадено млеко. Особено е апсурдно што токму СДСМ зборува за млекопроизводството, сектор во кој со месеци не беа исплаќани субвенции за предадено млеко.

Денес за прв пат после десет години во 2025 година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024 година. Зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024 година.

Зголемување во однос на 2024 година има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар. И во производството на пченица лани за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица.

Наместо поддршка, од СДСМ земјоделците добиваа празни ветувања и оправдувања.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието.