Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на ЕКОСОК на Обединетите нации, а СДСМ и Филипче тоа не го гледаат

На СДСМ му смета се што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На СДСМ му смета се што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од, како што ги нарекуваат, фронтранерите Црна Гора и Албанија.

Државата бележи и друг успех на меѓународен план, кој е постигнат благодарение на посветената и неуморна работа и активност на македонската дипломатија. За прв пат Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период 2027-2029 година. Со ова Македонија ќе биде дел од едно од главните тела на системот на Обединетите нации.

Реклама

Додека пак, нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија за 2025 година, испраќа важна политичка порака и потврдува дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО.

Покрај тоа, имаме заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика, завршен е пост-мониторингот со Советот на Европа што е потврда дека ги исполнуваме сите демократски капацитети.

Македонската дипломатија посветено работеше и на полето за зацврстување на билатералните односи со државите и во тој правец се потпишаа стратешки договори со моќни европски и светски држави како САД, Обединетото Кралство, Хрватска, Унгарија.

Од друга страна, по долги години се стави крај на неработењето, коленичењето, понижувањето и потчинувањето на македонската дипломатија пред други држави, особено и во делот со Бугарија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша Ратификување на договор со Бугарија за реализација на Коридорот 8, што е од клучно значење за Европа, регионот и самиот Балкан.

Додека едните само се сликаа на автопатиштата со маички и си делеа провизии од анексите за работа на коридорите, додека потпишуваа бланко листови за да останат ден повеќе на власт на штета на македонските интереси, ВМРО-ДПМНЕ работи на достоинственото претставување на државата и со конкретни чекори кои даваат реални ефекти и резултати, посветено работи на евроинтегративниот процес.

Додека некои со предавнички однос кон државата и поданички кон странски држави, Владата на ВМРО-ДПМНЕ со државнички однос постигнува напредок кој денес го поздравуваат голем број претставници на земјите членки на ЕУ.

Сето ова е постигнато со многу труд, многу работа и голема посветеност Македонија достоинствено да се претставува на меѓународен план. Се работеше долго и напорно, без многу фалење, далеку од очите на јавноста и на крајот донесе конкретни и видливи позитивни резултати за Македонија.

Овој успех на македонската дипломатија и напредок на државата не го гледаат само СДСМ и Венко Филипче, кои под поимот успех и реформа, подразбираат само промена на Уставот и внесување на Бугарите, со крајна цел редефинирање на македонската историја по бугарски терк.