Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче сонува со отворени очи власт во Македонија, нека почне од самиот себе и нека ги повика Заев и останатите да ги вратат украдените пари и да одговараат пред правдата

Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол „за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче на прес-конференција објави некаков си фронт и го нарекол „за вистина и правда“. А, во таканаречениот фронт учесници се единствено, самиот Филипче и неговите партиски другари, исто како него лојалисти на Зоран Заев, поставени во партиското раководство на СДСМ токму од Заев, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ Филипче.

И така обединети, малкумината партиски другари останати и поставени во СДСМ токму од Заев, единствено со отворени очи сонуваат власт, иако знаат дека народот не ги сака и за нив не гласа. Тоа им го покажаа на четири последователни изборни циклуси, а на последниот ги донесе до биолошкиот минимум од одвај 130 илјади гласа, со што СДСМ стана трета партија во државата и петта во градот Скопје.

Ако навистина Филипче е загрижен за државата и граѓаните како што глуми на прес конференциите, не мора да чека некој да го донесе на власт, зошто граѓаните секако нема го гласаат на избори, нека ги повика поранешните владини функционери од СДС кои ја опљачкаа државата и ги осиромашија граѓаните, на чело со Зоран Заев, да ги вратат украдени пари и да се предадат на органите на прогонот.

Реклама

Може Филипче и тој да биде пример за останатите и нека биде прв кој тоа ќе го направи за да се истражи целата негова инволвираност во набавките на модуларните болници, каде тој лично ја правел тендерската спецификација и потпишувал анекси за зголемување на цената за 20%, кои веројатно завршиле по приватни џебови, што како таа во Тетово, граѓаните со живот ги платија.

Исто така, Филипче не мора со отворени очи да сонува да дојде на власт за да го донесе таканаречениот нивен закон за нулта толеранција на корупција и не мора да го чека европското обвинителство, прво нека ги повика штетниците во обвинителството како Ислам Абази и Катерина Коларевиќ да ја ослободат институцијата од каде што ги штитат токму криминалците на СДСМ и ДУИ, нешто што е многу очигледно по стопирањето на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра.

Наместо заштита од компромитираните и од нив избрани кадри во судството и обвинителството, СДСМ и Филипче нека побара нивно заминување и целосна истрага за набавките на јаглен за потребите на РЕК Битола од фирма која на Венко Филипче му подарила луксузен џип Ауди Q8, и сомнителните милионски трансакции од истата фирма на сметка на фирма на Заев во Бугарија, каде што на иста адреса и Филипче имал фирма.

Кога ќе се истражат сите овие случаи, кога ќе има одговорност за овие и други криминални и корупциски делувања од страна на Заев, Филипче и останатите, и кога парите ќе се вратат во буџетот, ќе има и за повисоки плати, за повисоки пензии, ќе има повеќе пари и за земјоделците, за повеќе градинки, училишта, болници и за чесните кадрите во судството и обвинителството кои правдата ќе истераат до крај.

И уште нешто, џабе му е еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, тоа не му носи политички поени кај македонските граѓани. Затоа што граѓаните дополнително ја гледаат поданоста и измеќарството на туѓите агенди, наспроти и на штета на македонските национални интереси.