Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. 

– Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј, овозможија ширење на словото Божјо на разбирлив и народен јазик, отворајќи пат кон писменоста, просветата и духовниот развој на словенските народи. Нивната мисија беше подоцна продолжена од нивните ученици, меѓу кои и Свети Климент Охридски, преку чие дело се развива кирилицата, писмото кое претставува основа на македонскиот јазик. Делото на Светите Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја и културниот идентитет. Нивната просветителска мисија не познава граници, затоа што тие ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовните вредности што и денес нè обединуваат, се вели во честитката.

Денешниот ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нè потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, да ја почитуваме традицијата, да вложуваме во образованието и да го пренесуваме ова бесценето наследство на идните генерации.

Реклама

– Да бидеме чувари на светлината што ја запалија Светите браќа Кирил и Методиј, зачувувањето на нивното дело е чест и одговорност кон нашето минато, сегашност и иднина, затоа што тие ја претворија писменоста во светлина за идните поколенија, порачува ВМРО-ДПМНЕ.