Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека на Богоев му биле ветени 10% од наместениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари

Криминалната матрица на СДСМ не се менува и не исчезнува. Таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Младинската организација на СДСМ, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалната матрица на СДСМ не се менува и не исчезнува. Таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Младинската организација на СДСМ, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па целата провизија од местењето тендери ги задржуваат само за себе.

Ова го потврдува последниот случај на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоевски – Богац, детето од СДММ, кој впрочем е несуден наследник на Заев на челната позиција на партијата, кој наместил тендер за чистење и за тоа зел една транша од 110.000 денари.

Реклама

Овие пари биле една од многуте коишто Богоев требал да ги земе како мито за наместениот тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари.

Сивата еминенција на СДСМ, Џемо од Прилеп договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание врз Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти.

Џемо успеал во намерата и го кандисал Богоев, кој го овозможил овој 18 милионски тендер за чистење што го доби фирма блиска прилепскиот локален шериф.

Прашањето коешто треба да го одговори Богоев е, колку пари требал да добие како награда за завршената работа и дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари?

Дополнително, Богоев треба да одговори дали се точни информациите стигнати до нас, дека ова не бил последен наместен тендер во Царина под негово раководство?

Со ваквите криминални и корупциски случаи, децата на СДСМ си го покажаа вистинското криминално лице.

Подмладокот и иднина на Заев падна на првиот тест и со вакви корумпирани кадри СДСМ треба да се распушти, а не да води политики, која има за цел да ги распродава националните интереси.

Одговорност за криминалот и корупцијата на СДСМ мора да има.