Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

Ако СДСМ се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако СДСМ се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека најцрното во него се Венко Филипче и Андреј  Жерновски. Бидејќи Жерновски меѓународно беше и неуспешен амбасадор во обид, треба да му е јасно каков е распоредот на протоколарното седење кога станува збор за државни прослави, и е потребно барем да не се брука себе со прашањето зошто седел јавниот обвинител до премиерот, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до талогот, Жерновски и СДСМ сами се препознаа иако премиерот Мицкоски, директно не ги спомна.Но кога сме кај тоа прашање талогот во СДСМ се фабрика за ширење на нихилизам, омраза и жестоки поделби. Тие се против се што е прогресивно во земјата.

Тие се против сè што оди напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме со унгарскиот кредит, против брза железница, против покачени плати и пензии. Против дата центри, против нови инвестиции.

Реклама

Oмраза на СДСМ го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат.  Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку различни. Тој талог мора и ќе биде победен.