Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази пред заминување го заокружи своето работење за СДСМ и ДУИ и го спаси Филипче од одговорност за случајот со модуларната болница во Тетово

Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема“, тогашната влада на СДСМ и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување,  стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а болниците биле набавени како стоки, кои не можеле да бидат користени како објекти за здравствена дејност. Техничката спецификација, пак, била изготвена од лице назначено директно од Венко Филипче. 

Светска банка барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници, како и извод од Катастар, со цел да се покаже одржливоста на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, затоа што процедурата не била запазена.

Реклама

Катастар одбивал да врши упис на болниците, затоа што тие биле набавени како стоки и немало извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, кој бил потребен за нивно запишување.

Во случајот со модуларната болница во Тетово, каде животите ги загубија 14 лица за неполни две минути, Артан Етеми, тогашен економски директор на болницата, бил против поставувањето на ваков тип објект затоа што  немало приклучоци, немало никаков надзор, а немале ниту достапни средства за да ги платат приклучоците.

Но, Венко Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат пуштени во употреба.

Токму поради ова, обвинетите кажаа дека Венко Филипче треба да седи на обвинителната клупа заедно со нив.

Предметот за овој настан, кој се случи на 8 септември 2021 година, а за кој беше оформен предмет на 10 септември истата година, долго време стоеше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за на крај Ислам Абази да го спаси Филипче од одговорност.

 Ова не е прв случај во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети, а сега, пред заминување, си ја доработува задачата за која беше поставен во време на СДСМ. Тој не го прогласи Филипче за виновен.

 Во меѓувреме, Венко Филипче во своите јавни настапи повторно се навраќа на своите скандали и се обидува пред јавноста да продаде приказна за своите „успеси“ како министер за здравство.