Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 9 за Стаменкоска Трајкоска за Кисела Вода, за паркови и мини шуми, Младински центар, 500 нови паркинг места

Кисела Вода ја чекаат нови 4 години на напредок, развој и успех.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кисела Вода ја чекаат нови 4 години на напредок, развој и успех. Програмата за Кисела Вода за претстојните локални избори на кандидатот за градоначалник Бети Стаменкоска Трајкоска нуди проекти, мерки, визија, план и стратегија за сите проблеми и барања на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Следните 4 години во Кисела Вода ветуваме редовно одржување на јавната хигиена, намалување на дивите депонии и создавање чисти, уредни и безбедни јавни простори, зелени паркови и училишни мини шуми, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и зголемување на зелените површини, општина Кисела Вода започнува долгогодишен проект за пошумување преку садење 1000 садници годишно, односно 4000 дрвја во период од четири години.

Формирање на модерен Младински центар – простор наменет за развој, дружење и активизам на младите. Потоа, ќе се обезбедат над 500 нови паркинг-места во Кисела Вода преку катни и монтажни гаражи, како и преку уредени површини. На тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж, ќе се зголеми безбедноста на улиците и граѓаните ќе добијат поуредена и пофункционална урбана средина, како и реконструкција на голем број улици, а ќе се изгради и пешачко велосипедска патека и многу други проекти.

Реклама

Развојот на општините мора да продолжи. Граѓаните очекуваат проекти и поквалитетен живот, наместо деструкции и манипулации.

Затоа ги повикуваме граѓаните да излезат на 19 октомври и да го направат вистинскиот избор, а тоа е Бети Стаменкоска Трајкоска и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Кисела Вода ќе биде и понатаму општина со најголем број на исполнети и реализирани ветувања.

Гласајте за бројот 9. Направете го вистинскиот избор, за твојот човек, твоето место и твојата иднина. Бети Стаменкоска Трајкоска за Кисела Вода.