Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Вложуваме во почиста и поздрава животна средина, 10,7 милиони евра за нова опрема за управување со отпад за 18 општини

Влогот во почиста животна средина, е влог во здрава иднина. За таа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влогот во почиста животна средина, е влог во здрава иднина. За таа цел, додека едни преспаа 7 години на ова поле, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи директно и без застанување кон поквалитетна животна средина, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Владата беа потпишани 2 договори во вредност од 10,7 милиони евра, кои се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања, Инвестициската рамка за Западен Балкан и Владата на Шведска.

Со овие договори, директно ќе се испорача нова опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, како што се Дебар, Струга, Битола, Кичево, Прилеп, Долнени и останати рурални општини.

Реклама

Мора да напоменеме дека механизацијата е во согласност со европските стандарди и опфаќа контејнери, канти, специјализирани камиони-компактори, скип-лифтови и кипер возила, односно сè што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпадот од страна на комуналните претпријатија во општините.

Подетално, оваа опрема се состои од пластични канти со капацитет од 120 литри, метални контејнери со волумен од 1.1 м³, специјализирани камиони-компактори со капацитет од 8 и 12 м³, скип-лифт возила за собирање на отпад, како и камиони-кипери за транспорт на отпаден материјал“, додаваат од влаејачката партија.

Оваа нова механизација допринесува за поефикасно собирање, транспорт и управување со отпадот. На овој начин директно се подобруваат условите за работа на вработените, но и на граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги гради темелите на промените, потенцираат во соопштението.