Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

Власта стави потпис на договорот за хеликоптерско спасување

Власта го потпиша договорот за хеликоптерско спасување. Од Илинденска ни потврдија дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта го потпиша договорот за хеликоптерско спасување. Од Илинденска ни потврдија дека ставиле параф со фирмата Сархемс, која во следните 8 години ќе ја работи хеликоптерска итна помош.

„Во врска со прашањето кое се однесува на договорот со хеликоптерската прва помош, по насока од генералниот секретар ве известуваме дека истиот е потпишан“ – одговорија од владата на прашањето на Алфа.

Кога бил потпишан договорот, не добивме информација, ниту пак под кои услови. Од Владата кратко ни одговорија дека тоа веќе било објавено во јавноста. Приватизацијата  на хеликоптерските услуги за итна помош и спасување од самиот почеток беше контроверзна, власта, дилот го склучи со скопската фирма “Сархемс Дооел”, основана 24 дена пред да се објави меѓународниот тендер. Тендерската постапка се спроведуваше под будното око на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, кој оваа зделка ја оцени како „ремек – дело“.

Реклама

Освен фактот што хеликоптерската прва помош ќе ја води фирма која нема историја во оваа област, дополнително на критики и оспорувања од страна на опозицијата  беше и според нив непрофесионално изработената  физибилити – студијата за Системот за хеликоптерско спасување. Од ВМРО ДПМНЕ тврдеа дека власта на криминален начин го дала бизнисот на приватна фирма, а истите услуги ги врши хеликоптерската единица на МВР, бесплатно.

Според Рашковски хеликоптерското „ремек делото“ граѓаните ќе ги чини 0 денари, но остана неодговорено зошто некој би вложувал милионски суми во бизнис ако нема ќар од истиот.

Според објаснувањата на владиниот ген сек, за 6 месеци, САРХЕМС ќе треба да купи два хеликоптера, да опреми 8 хелиодроми низ земјава и да го воспостави целокупниот систем за спасување – пилоти, медицински екипи и поврзаност со постоечките државни служби – МВР, ЦУК, Брза помош, армија… Според договорот, за овие 6 месеци компанијата ќе треба да инвестира 9 милиони евра, а секоја година додека трае договорот, Сархемс на државата треба да ѝ плаќа 10.000 евра. Државното земјиште на фирмата ќе и го обезбеди владата. Интервенцијата на хеликоптерите треба да биде во рок од 15 минути на територијата на целата земја. Колку ќе биде ќарот на државата, а колку на Сархемс за милионската зделка, нема одговор.

Катерина Гетева