Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Власта се правда дека ЕУ не им дозволила ветинг на судството

Европската Унија била виновна за нерасчистувањето на хаосот во македонското судство. Власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија била виновна за нерасчистувањето на хаосот во македонското судство. Власта последниве денови по отварањето на сите афери и скандали кои го тресат правосудниот систем,  ја смени реториката па сега тврди дека Брисел им забранил да извршат  ветинг  на судиите.

Премиерот Заев вели дека тие сакале ветинг, но принципот кој тие како власт го нуделе не и се допаднал на ЕУ, па затоа не бил реализиран.

–ЕУ бара прво да се најдат начините, прво да се осмисли, затоа што искуството во Албанија дека ветингот да, сериозно создава поголема одговорност, ефикасност и слично. Но, таму се испразнија некои 200 места и немаа од каде да ги пополнат. Гледајќи го тоа искуство, најдобронамерно препорачаа прво да ги решиме претходните прашања кои што се поврзани па после да се почне. Ние сме разумни околу тоа, затоа што е лесно прифатливо и сфатливо.

Реклама

Слична изјава даде и министерот за дијаспора, Едмонд Адеми кој истакна дека Брисел забранил овие две години да се чепка судството.

-Од структурите и институциите на ЕУ, имавме еден вид забрана во тој правец, земајќи ги во предвид фактите и аргументите што се случија во Албанија. Денес во Албанија и по една година, сѐ уште немате Уставен суд. Затоа рековме, добро, нема да има ветинг поради ЕУ и НАТО процесите во изминатите две години, изјави Адеми.

Во овие две и пол години власт, Заев не го исполни ветувањето за ветингот, еве што најавуваше тогаш

-Најавувам генерален реизбор на судиите во државата, тоа ќе се случи веднаш по 11-ти декември. Доста страдаа граѓаните и чесните луѓе, додека криминалци и насилници од власта и нивни соработници се на слобода , изјави Заев на 11.11.2016.

Сега, пак во предизборието го ветува тоа што и претходно го ветуваше. Но со поинаков пристап оти со пристапот кој претходно го имале сме можеле да останеме без судии.

Мери Ѓорѓиевска