Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Власта не отстапува од предизборното масовно полнење на јавната администрација

Власта не се откажува од предизборното полнење на администрацијата. Во моментов има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта не се откажува од предизборното полнење на администрацијата. Во моментов има повеќе од 30 отворени огласи за вработување, а не минува недела да не се појави нов оглас за во некоја институција.

Министерот Манчевски пак тука не гледа ништо спорно затоа што изборите се уште не биле распишани. А, администрацијата имала потреба од вработувања.

„Цело време има активни огласи за вработување без разлика дали е во предизборие или не.. да ве потсетам на изборниот законик ние не сме во предизборен период, ние знаевме дека ќе има избори во 2020-та и лани што значеше тоа дека цела година требаше да не вработуваме?!“, изјави Дамјан Манчевски- министер за информатичко општество и администрација.

Реклама

Од друга страна СДСМ додека беше во опозиција постојано ја обвинуваше предходната власт за полнењето на администрацијата, пред се за предизборниот период и тоа исто во време кога официјално не беа распишани тогашните избори.

Се чини дека она за што како опозиција им сметаше и го критикуваа, сега од позиција на власт го применуваат.

Не поминува недела, а да не се појави оглас за вработување, дури во дел од нив постојат и одредени нелогичности. Во некои од јавните огласи се бараат лица за одредено место кои и не мора да ги поседуваат предвидените квалификациите.

Инаку, денеска министерот презентираше и дел од анализите на ИПА проектот кој предвидува трансфер на вработени од јавен во прифатен сектор под оправдување дека платите во администрацијата не се атрактивни во однос на приватниот.

Симона Србиноска