Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Власта ќе ги спасува своите амбасадори со двојно државјанство преку блицкриг измени на законот за МНР

Власта пронајде начин како да ги испрати на дипломатска мисија во странство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта пронајде начин како да ги испрати на дипломатска мисија во странство своите фаворити, кои спoред важечките правила, не можат да станат амбасадори бидејќи имаат двојно државјанство. Наместо носење на нов закон, Алфа дознава дека група пратеници од мнозинството поднеле барање за измена на постоечкиот Закон, односно да се смени само членот 36, кој јасно предвидува дека амбасадори можат да бидат лица кои поседуваат единствено македонско државјанство.

„Од причина што сметаме дека овој услов го ограничува Уставното право на секој граѓанин да учествува во вршењето на јавни функции, ја предлагаме соодветната измена во членот 36 став 1 во алинејата 1 со која се предвидува таксативно како услов за именување на амбасадор на Република Северна Македонија да биде државјанин на Република Северна Македонија“ – стои во предлогот за измена на Законот за МНР по скратена постапка.

Пратениците се повикуваат на членот 2 од Законот за државјанството на Република со кој е уредено дека :„Државјанин на Република Македонија може да има и државјанство на друга држава и дека државјанин на Република Македонија кој има државјанство на друга држава, во Република Македонија се смета исклучиво за државјанин на Република Македонија, ако со меѓународен договор не е поинаку определено.“

Реклама

Како што Алфа и претходно објави дел од кандидатите за амбасадори имаат двојни државјанства, но власта очигледно по секоја цена сака токму нив да ги испрати во дипломатски мисии. Таков е случајот со професорот Докмановиќ кој треба да замине во Израел, а според нашите извори во МНР кандидатот за амбасадор во Хрватска, Фетаи има државјанство токму на оваа земја, што само по себе е проблематично бидејќи треба да ја претставува Македонија во држава на која исто така е граѓанин. Од дипломатскиот синдикат во меѓувреме повеќе пати алармираа дека власта се обидува надвор од правилата да постави свои доверливи луѓе не само во странство, туку и во хиерархијата на МНР со што без разлика на исходот од изборите, во наредните години ќе има целосна контрола врз македонската дипломатија.

Драган Милосављевиќ