Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, информира Министерството за дигитална трансформација во соопштение. Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, информира Министерството за дигитална трансформација во соопштение.

Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Македонија во областа на сајбер безбедноста и нејзината посветеност кон градење посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност.

Овој успех е резултат на домашни човечки и инфраструктурни капацитети на Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од партнерите од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Реклама

Членството во FIRST овозможува поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при превенција, откривање и справување со сајбер закани и инциденти.

Со ова, Македонија реализира уште еден важен чекор од Реформската агенда, со рок до 30 јуни 2026 година, и создава услови за отклучување нови средства од Планот за раст.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со инвестирање во капацитетите на службите за одговор на сајбер инциденти, во заштитата на владините институции и во испораката на безбедни дигитални услуги за граѓаните и компаниите.