Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Бизнис

Владата во моментов преговара со 15-тина странски компании за инвестирање во Македонија

Рекордно ниво на странски инвестиции во 2024-та од една милијарда евра и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рекордно ниво на странски инвестиции во 2024-та од една милијарда евра и најави за инвестициски бум годинава. Со 8 нови странски инвеститори кои ги донесе владата во втората половина од 2024-та година кои треба да ангажираат 2.800 луѓе, директорот на индустриските зони Гоце Димовски е задоволен од постигнатото лани. Бројот на вработени во зоните надминал 18.100, а просечната плата која ја исплаќаат фирмите надминала 46 илјади денари, што е повеќе од републичкиот просек и за 8.500 денари поголема од онаа во преработувачката индустрија. И покрај проблемите во автомобилскиот сектор, состојбата со извозот е задоволувачка, тој изнесувал 2,9 милијарди евра лани и треба да надмине 3 милијарди евра годинава.

Активно се работи да се претркаат конкурентските земји од регионот во привлекување на странски инвестиции. Владата моментално преговара со вкупно 15 странски компании кои треба да изберат меѓу Македонија и некоја друга држава каде да го стационираат своето производство. Владата најавува ново мега вложување од над 350 милиони евра. Овој инвеститор ќе има високотехнолошко производство и ќе има голем извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае врз обемот на брутодомашниот производ. Компанијата планира вработување на 500 луѓе. Засега не се откриваат детали од која држава е инвеститорот и во кој сектор работи.

Кризата во автомобилската индустрија во Германија неминовно ќе ги погоди и странските инвеститори кои се занимаваат со производство на автомобилски делови во земјава. Од Советот на странски инвеститори велат дека е реално да се очекуваат помали профити. Можно е да се намали обемот на работа и треба да има рационализација на трошоците за да се задржи конкурентноста.

Реклама

2024-та на инвестициски план ја одбележа вложувањето на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања. Инвестицијата на „Епсотех“ е за изградба на истражувачки центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Американскиот Вабтек во веќе е присутњен во земјава ќе произведува сопирачки за шински возила. Германската компанија „BMZ Group“ ќе произведува литиум јонски батерии во капацитет во вредност од 65 милиони евра. Се потпишаа и два договори за инвестициите на „Брејнчајд“ од 8,5 милиони евра кој ќе вработи околу 200 лица. Германската „Костал“ отвора нов погон од 50 милиони евра и нови 250 вработувања. „АД БАУ Интернационал“ ќе вложи 7 милиони евра. Во зоната во Кичево пак фирмата „Avesta“ ќе вложи 40 милиони евра и ќе вработи 600 луѓе. 50-тина компании ќе бидат погодени и со плаќање на глобалниот корпоративенн данок од 15%, за што беа направени и законски измени овие пари да останат во целост во земјава. Се најавуваат и реформи во привлекување на нови странски инвеститори, но засега не се откриваат детали. Целта на Владата е земјава да се има најмногу странски инвестиции по глава на жител.