Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Владата се фали со толеранција и инклузивност, Американско истражување ги демантира фалбите

Владата на Заев постојано се фали со степенот на толеранција и вклученост…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на Заев постојано се фали со степенот на толеранција и вклученост на сите граѓани во општеството, но американско академско истражување жестоко ги демантира овие фалби. Македонија е дури 80 од вкупно 132 земји во светот кога е во прашање таканаречената инклузија на различните групи на граѓани во општествените текови по различни основи, меѓу кои и нивната етничка односно религиска припадност. Според годишниот извештај на Универзитетот во Калифорнија пред нас се буквално сите земји во регионот освен Црна Гора која е 81. Од поранешна Југославија најдобро рангирана е Хрватска на 13 место, Словенија е триесетта, Србија е на 40 место, додека БиХ се наоѓа на 45 позиција. Очигледно Македонија и покрај силните реклами, паднала на тестот бидејќи е далеку од стандардите кои се нормални во ЕУ со оглед дека во првите 20 места дури 15 се за земји членки на Унијата, а првото место го зазема Холандија. На крајот на листата пак, како најлоши по степенот на инклузивност се земји од третиот свет како Ирак, Јемен, Судан, Мароко и Руанда.

Истражувањето на американскиот универзитет како главни параметри за оценување на толеранција ги зел вклученоста на граѓаните во општеството во зависност од нивниот пол, раса, етничка и религиска припадност, но и дали се на пример лица со посебни потреби. Толеранцијата според експертите подразбира трпеливост кон различни ставови, различни стилови и начини на живот, додека инклузивноста преставува отвореност на општеството да прифати учество на различни групи на луѓе во сите области на општественото битисување. Притоа државата може да воведе различни закони и прописи за инклузивност но тоа не значи дека тие ќе бидат прифатени од граѓаните.

Драган Милосављевиќ

Реклама