Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно и да поевтини

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува и македонските граѓани да имаат и повтина струја, најави денеска при посетата на Штип, претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата. 

– За струјата, правиме методологија да се обидеме ако ништо друго, барем да ја задржиме истата цена, а зошто да не и да се обидеме да ја поевтиниме – изјави Мицкоски. 

Тој истакна дека откако е оваа Влада граѓаните, домаќинствата реално немаат зголемување на цената на електричната енергија  и покрај сите предизвици и како што рече „покрај тоа што сме во пикот на најголемата енергетска криза која што човештвото ја памети, а тоа е војната во Арапскиот Залив“. Премиерот посочи дека и покрај сите предизвици состојбата со струјата е стабилна. 

Реклама

​- Покрај сите тие предизвици, денеска кога ме прашувате, јас можам да кажам дека состојбата е стабилна, ќе имаме стабилна зима, ќе имаме снабдување со електрична енергија согласно потребите на граѓаните и бизнисот. Ние, како Влада сме фокусирани на тоа, ги подготвуваме нашите производни капацитети. Грејната сезона ќе започне за месец и половина, еве максимум, зависно од временските прилики, некаде на почетокот на ноември, но ние ги подготвуваме енергетските капацитети, се подготвуваме за зимата и во таа насока ќе продолжиме и понатаму да се фокусираме – вели Мицкоски. 

-Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува и македонските граѓани да имаат и повтина струја, најави денеска при посетата на Штип, претседателот на Влад

Премиерот Мицкоски додаде дека акумулациите се на ниво од близу 50%.

– Цела Европа се соочува со низок водостој на реките. Ова лето се исклучуваа нуклеарни централи, термоцентрали, хидроцентрали. Ние тоа не го правевме, напротив. Работиме со план, чекор по чекор. Знам дека не е сè идеално, знам дека е тешко, но е многу подобро од пред три години и убеден сум дека за три години ќе биде многу подобро од денес – подвлече Мицкоски. 

​Претседателот на Владата, истакна дека што се однесува до цените на горивата и на останатите нафтени деривати имаме убедливо најниски цени во регионот, до половина евро по литар пониски од земјите во регионот, ако се споредиме со Грција, Албанија, Србија.

– Се разбира дека и во моментот аплицираме мерки, а тоа е редуцираното ниво на акцизата, но во зависност од интензитетот на кризата така ќе ги димензионираме мерките. Затоа што многу е важно и да се одржи макроекономската и фискална стабилност на земјата во услови на ваков тип на глобални предизвици – две војни, сепак не е малку, а воедно да успеете да ја задржите стабилноста во буџетот, да генерирате раст којшто беше 4,3% на реална основа во вториот квартал, кој е само продолжување на растот од првиот квартал од 3,1%, да го спуштите нивото на инфлација од 2,3% и 2,6%, да го зголемите извозот – тој да расте побрзо од увозот, да ја зголемите вработеноста, да креирате нови 17.000 работни места и сето тоа се предизвици кои што изминативе 26-27 месеци се решаваат – рече Мицкоски по пуштањето на новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип.