Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Владата пак по свое – поништени решенијата и на министерката Мизрахи

Владата со опструкција на дополнителните министри предложени од опозицијата. Ги поништи решенијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата со опструкција на дополнителните министри предложени од опозицијата. Ги поништи решенијата и на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, донесени во периодот од 21 до 31 јануари, со кои се опфаќаат решенија за овластување и потпишување, како и решенија за плати и за распоредување. За опструкција во работата на министерството уште на 20 јануари предупредуваше Мизрахи. Од нејзиниот кабинет преку соопштение тогаш се пожалија дека дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, креира упад во нормалното работење на министерството и вон законски ја блокира неговата работа.

Но, не се поништени само решенијата на Мизрахи. Претходно Владата поништи цели 89 решенија на министерот Наќе Чулев. И двете поништувања се изведени без подетални образложенија од владата на техничкиот премиер Оливер Спасовски. За владината одлука, министерот Чулев, рече дека владата со одлука може да поништи пропис или акт на МВР, кој не е во согласност со Уставот и законите, но не и конкретно решение за распоредување на работникот. Поради ова Чулев ги врати решенијата на прераспоредените работници во МВР кои на 6- ти и 7-ми овој месец добија нови позиции по негова наредба.

Токму прераспределбите во полицијата беа причина за несогласувања помеѓу Чулев и неговиот претходник Оливер Спасовски. Чулев го обвини Спасовски дека пред заминување од функцијата министер донел повеќе од 2 000 решенија за унапредување и распоредување на пониски работни места, а 100-тина од предметите, според Чулев биле спротивни на законите.

Реклама

Ања Василева