Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Владата ќе презема мерки за ревидирање на постоечката мерка – „50% од јагнињата да бидат наменети за кланичарите“

Сега постоечката мерка со која ситните сточари се обврзани дури половината од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сега постоечката мерка со која ситните сточари се обврзани дури половината од своите јагниња да им ги предаваат на кланичарите, најчесто за многу пониска цена од нивната реална вредност, ќе биде ревидирана во интерес на сточарите, најавуваат од Министерството за земјоделство. Ова, всушност ќе биде и одговор на нивните неодамнешни барања, но и своевиден стимул за да опстојат во својот бизнис што пак, би условило и зголемување на стадата, а што е многу важно за државата, уверуваат од ресорното Министерство. Идеата е, намалувањето од сегашните 50 проеценти, а кои се превисоки за сточарите, да биде на 30 насто.

„Со оглед дека во месеците јануари и февруари, заради нискиот откуп на јагнето имавме доста прераснување на она што е првокласно јагне, ние како Министерство веќе размислуваме процентот од 50 да го намалиме на 30 проценти, се’ со цел уште еднаш да покажеме дека навистина како Влада и Министерство излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец кој што се соочува со одредени предизвици“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

  Во наредниот период измени ќе претрпи и Програмата, а и уредбата која што го дефинира овој критериум, со крајна цел, како што вели Трипуновски, и оваа сточарска гранка да стане во успешна приказна во нашата држава.

Реклама

„Јас, како ресорен министер одржав неколку состаноци и со Сојузот на одгледувачи на овци и со кланиците кои што се во регистрите на Министерството. Практично, откупната сезона, односно, откупот на јагнето е во завршна фаза. А анализите говорат дека имаме зголемување на откупната цена во споредба со минатата година и просекот е негде околу 230 денари“, – кажа Трипуновски.

   Инаку, уште пред Велигденските празници, ситните пелагониски сточари соочении со овој проблем, но и со ниските откупни цени, како и со забраната за слободен извоз на јагнињата, на мирен собир побараа итна средба со надлежните за решавање на овие прашања и за долгорочно продуктивно надминување на состојбите во оваа земјоделска гранка.