Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој и поквалитетен животен стандард за граѓаните

Владата денеска преку соопштение порача дека економијата е нејзиниот приоритет и оти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата денеска преку соопштение порача дека економијата е нејзиниот приоритет и оти буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој и поквалитетен животен стандард за граѓаните. Се обврзува, како што информира владината прес-служба, на економска трансформација и ветува раст на БДП, но и нови странски директни инвестиции кои ќе генерираат раст и развој.

-Буџетот за 2025 година е развоен и ветува повисоки плати, инвестиции и економски развој на државата. Владата за 2025 година се обврзува на целосна трансформација на Македонија и подобрување на животниот стандард за граѓаните. Приоритет и цел е да обезбедиме поквалитетен живот за сите граѓани, иднина и просперитет на Македонија, наведуваат во соопштението од Владата.

За таа цел, дополнуваат, во буџетот за 2025 година предвидуваме средства за зголемување на пензиите. Со ова предвидуваме 105 милијарди денари за пензиите, односно по 2500 денари повисоки пензии во март за пензионерите. Со ова го исполнуваме ветувањето за повисоки пензии на над 330.000 пензионери. Исто така за исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието. Предвидуваме и 14,5 милијарди денари за поддршка на ранливите категории, додека пак за здравствена заштита обезбедуваме 5,2 милијарди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.

Реклама

Од Владата наведуваат и дека во буџетот за 2025 година е предвиден и растот на платите за вработените во образованието и просветните работници, како и растот на платите во здравството, здравствените работници и медицинските лица.

Посочуваат дека посветено и одговорно работат за стопанството и оти веќе обезбедиле 250 милиони евра, како што наведуваат, за инвестициски бум во општините за изградба на училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура.

-Средствата кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити, односно договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од можеби 800 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти за сопствена потреба, како и да учествуваат во проекти кои ќе ги инвестираат општините, стои во соопштението.

Се обврзуваме, истакнуваат Владата, пред граѓаните на економска трансформација, и ветуваме раст на БДП, но и нови странски директни инвестиции кои ќе генерираат раст и развој.

– Воедно, подадовме рака за дијалог со синдикатите и работодавачите, заеднички да носиме одлуки во интерес на граѓаните. Наша заложба и политика е да создадеме иднина за сите, да ги донесеме промените и да ја вратиме Македонија на правилната патека. Економијата е нашиот приоритет, се наведува во соопштението.