Центарот за управување со кризи информира дека до 7.30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, а четири се под контрола.
Активни се пожарите меѓу селата Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци во општина Струга, кај селото Белица во општина Македонски Брод и кај селото Брест во општина Чучер-Сандево.
Под контрола се пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, кај селото Тајмиште во општина Кичево, кај селото Грачани во општина Ѓорче Петров и во Делчево, каде што гори дива депонија.

