Реклама
Економија

Визијата на македонскиот бизнис се остварува: Железничкото поврзување до Бугарија ќе донесе бенефит во многу сектори

Визијата на македонскиот бизнис ќе се оствари со железничкото спојување на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Визијата на македонскиот бизнис ќе се оствари со железничкото спојување на Македонија и Бугарија. Според претприемачите добро е што конечно гледаме конкретни придвижувања во изградбата на железничката пруга кон Бугарија. Претседателот на Бизнис конферадарцијата, Миле Бошков за Алфа вели дека македонската економија ќе добие многу, кога овој проект ќе биде завршен и според него добро е што конечно по долги години гледаме дека конркетно се работи.

-Дваесетина тунели и 50тина мостови и најавите за повлечениот кредит, тоа дава информација да веруваме дека ќе оствари поврзувањето со Бугарија, исто и со железнички сообраќај. Меѓутоа за нас е ова, може да се каже и за идините генерации и за бизнисот, остварување на визијата дека треба да бидеме поврзани исток запад, изјави Бошков.

Во моменти кога државата се бори за рамноремерен регионален развој, токму овој проект треба да придонесе да заживеат регионите од каде младите се иселуваат. Бошков смета дека со изградбата на овој капитален проект ќе сероиопзен развој на на североистичниот дел на Македонија.

Реклама

-Има голем потенцијал да се развиваат повеќе сектори, повеќе индустрии, меѓутоа исто така и повеќе вработени да се привлекуваат во тој регион. Со новата обиколница околу Крива Паланка, од Ранковце патувањето е побезбедно и скратено за 40тина минути од Софија, изјави Бошков.

Според Бошков инфрастукрутните проекти во овој регион, ќе придонесат и за развој на македонскиот туризам.

-Тие патници кои би патувале во иднина и кога би поминувале низ недопрена природа, можеби надополнета со нови алтернативни видови на туристичка понуда, кулинарство инт. Покрај стоките што ги споменативте, мислам дека од кога би се пуштила во употреба би била уште еден дополнителен потстрек за подобро живеење во земјата, изјави Бошков.

Инаку, конечно македонската и бугарската Влада постигнаа договор за реализација на овој прокет. По договорот со бугарската Влада се активира грантот во висина од 3,7 милиони евра добиен од Европската инвестициска банка за техничка поддршка, за Македонија да продолжи со изградбата на третата и најтешка фаза од железницата.

Матеја Петровски