Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Визија на националната стратегија за образование – обезбедување квалитетно и инклузивно образование, достапно за сите

Комисијата за образование, наука и спорт одржа работна средба со министерката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за образование, наука и спорт одржа работна средба со министерката за образование и наука, Весна Јаневска; државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска; координаторката Ивана Батиниќ-Поповска и експертите кои ја изработија националната стратегија за образование 2026 – 2032 и Акцискиот план 2026 – 2032.

Претседателката на Комисијата, Иванка Василевска, истакна дека оваа средба е важна за добивање појасна слика за националната стратегија за образование 2026 – 2032 и можност за размена на мислења за овој стратешки документ, во насока на подобрување на текстот. Да се направат суштински реформи во интерес на идните генерации – порача Василевска.

Министерката Јаневска истакна дека поквалитетното образование треба да биде заедничка цел и приоритет. Во оваа насока, како клучно го наведе промовирањето на вредностите на знаењето и компетентноста на наставниците.

Реклама

Координаторката за оваа стратегија, Ивана Батиниќ-Поповска, ја презентираше националната стратегија за образование 2026 – 2032, нагласувајќи ја важноста на суштинските реформи во интерес на идните генерации.

Во изработената стратегија се наведуваат приоритетни области, резиме на политиките, општи, посебни цели и мерки во секоја од приоритетни области.

Во приоритетната област 1 – Предучилишно воспитание и образование, посебни цели се: зголемен опфат на деца во предучилишното воспитание и образование; подобрен процесен квалитет во предучилишното воспитание и образование и зајакнати професионални компетенции на воспитно-образовниот кадар; функционален систем за мерење и управување со квалитетот на работа во предучилишните установи.

Приоритетната област 2 – Основно образование, за посебни цели ги има: подобрени инфраструктурни, организациски и кадровски услови за квалитетно и инклузивно учење; унапреден квалитет на наставната пракса; подобрени капацитети и програми за поддршка на добросостојбата и учеството на учениците.

Како посебни цели во приоритетната област 3: Гимназиско образование и уметничко образование се наведени: воспоставена современа, инклузивна и квалитетна рамка за гимназиско и уметничко образование преку нови концепции, наставни и испитни програми и подобрени инфраструктурни и дигитални услови за учење; унапреден квалитет на наставната пракса и воспитно-образовниот процес за постигнување повисоки ученички резултати и развој на клучни компетенции; подобрена добросостојба, социјална инклузија, активно учество и кариерен развој на учениците.

Во приоритетната област 4: Стручно образование и обука, трите посебни цели се: зголемување на релевантноста и приспособливоста на СОО кон пазарот на труд; воспоставување одржливи партнерства меѓу стручните училишта, индустријата, високото образование и истражувачките институции; развиени глобално релевантни стручни компетенции и меѓународна усогласеност.

Како 5. приоритетна област – Постсредното образование, издвојува две посебни цели: операционализација на системот на кратки стручни студии на ниво V, подниво VА; операционализација на системот на постсредно образование на ниво на V, подниво VБ.

Шестата приоритетна област – Образование за возрасни, ги опфаќа посебните цели: Зголемен пристап до образование за возрасни; Зајакнати иновативни, дигитални и зелени вештини; Образование за возрасни прилагодено кон националната рамка на квалификации и интегрирано со европската рамка за квалификации.

Во последната 7. приоритетна област – Високо образование, наука и иновации, како посебни цели се издвојуваат: подобрен опфат и проодност во високото образование, со фокус на поголема правичност и инклузивност; унапреден квалитет и релевантност на високото образование за пазарот на труд; подобрена инфраструктура, човечки капацитети и одржливо финансирање на високото образование; подобрени услови за научно-истражувачка работа и иновации и нивен трансфер во економијата и општеството.

Присутните на работната средба беа сложни со визијата на стратегијата – обезбедување квалитетно и инклузивно образование, достапно за сите, коешто нуди еднакви можности и ресурси за учење и развој.

Системот на воспитание, образование и доживотно учење е базиран на иновативност, ги негува потенцијалите, талентот и извонредноста, поддржува демократска култура, суштинска партиципација, истражување и наука. Образованието гради здрави, одговорни, компетентни и емпатични граѓани, коишто се оспособени да си обезбедат благосостојба и квалитетно живеење, и да се грижат за заедницата. Образовниот кадар е стручен, посветен и мотивиран и континуирано заедно со учениците, родителите, и заедницата, создаваат среќно и безбедно опкружување за учење.