Реклама
Македонија

Миланов: Македонските граѓани јадат безбедна храна

Граѓаните јадат безбедна храна, уверува првиот човек на Агенцијата за храна и Ветеринарство. За скандалот со млечните производи кај кои беше откриена помала грамажа на масти од наведената на декларациите, Миланов уверува дека е направена само измама и манипулација со граѓаните. Во наредниот период ќе се прават детални анализи за да се утврди колкгу долго […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните јадат безбедна храна, уверува првиот човек на Агенцијата за храна и Ветеринарство. За скандалот со млечните производи кај кои беше откриена помала грамажа на масти од наведената на декларациите, Миланов уверува дека е направена само измама и манипулација со граѓаните. Во наредниот период ќе се прават детални анализи за да се утврди колкгу долго биле мамени граѓаните со млечните производи со помала масленост.

„Безбедноста не е нарушена туку нарушен е квалитетот, затоа  што направена е измама со храна на потрошувачите, манипулација со потрошувачите. Доколку вие дкеларирате дека имате 24% масти, а во произвоодот има 5 %, значи таа храна се уништува и  се носи на депонија“, изјави Оливер Миланов , директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Посочи дека штетата која ја направиле кон граѓаните е голема, а казните кои треба да ги платат се премногу ниски. Со новиот закон за прекршоци, тој очекува поригорозни казни, како на пример тригодишна забрана за работа на компанијата. Иако Агенцијата за храна и ветеринарсво се уште ги нема добиено резултатите од аналзизите за сувомеснатите производи, Миланов очекува и таму да се откријат нерегуларности.

Реклама

„Јас искрено да ви кажам очекувам дека би имало нешто затоа што таму има премногу ароми, бои, фосфати, кои што… Мислам дека 2025  година имаше фирма увозна од Словенија која ја фативме со 40 тони која има 10 милиграми над дозволеното, зборам ако е 5 грами фосфат, има 15 грами, уништивме 40 тона“, изјави Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Во последните две години уништени се над 800 тони храна и вратени се над 300 тони небезбедна храна на производителите. Во 2024 и 2025 година се интензивирани инспекциските контроли на домашното производство, прометот и увозот на храна. Како небезбедни од граничните премини вратени се 16 пратки со храна од животинско потекло, а уништени се три пратки. Дополнително, забранети се девет пратки на храна од неживотинско потекло и уништени се 90 тони храна од неживотинско потекло од увоз.

АХВ секојдневно учествува со редовни и вонредни инспекциски контроли. Во моментов тие располагаат со 200 инспектори, бројка која е доволна за проверка на храната на цела територија на Македонија. Инаку Агенцијата за храна и ветернинарство денеска одбележа 15 годишнина од основањето, а истовремено беше одбележан и Светскот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува  под мотото од „Од товар до решенија – безбедносна храна насекаде“.