Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Бизнис

Висок напон во регионалната мрежа остави утрината остави голем дел од Македонија без струја

Поради висок напон кој предизвикал испад на трансформаторите половина Македонија изутрината остана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради висок напон кој предизвикал испад на трансформаторите половина Македонија изутрината остана без струја.  Од МЕПСО информираат дека дефектот поради кој во раните утрински часови граѓаните немаа електрична енергија бил регионален и европски проблем поради малата потрошувачка на електрична енергија во текот на ноќните часови, особено во викендите.

Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици. Станува збор за реигонален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината, соопштија од АД МЕПСО

Жители од  Скопје, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, пријавуваа преку социјалните мрежи дека имало прекин на струјата околу 5 часот утрината.  Некои места електрична енергија добиле околу 6 часот, некои околу седум, а некои и подоцна во текот на денот. Според информациите од ЕВН снабдувањето е нормализирано насекаде. Од МЕПСО пак,  велат дека продолжуваат да работат на нормализирање и стабилност на електроенргетскиот систем како и дека се во постојана координација со преносните системи во регионот.

Реклама

Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван, соопштија од АД МЕПСО

За време на велигденските празници за да не дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија беа исклучени фотоволтаичните централи затоа што имаше поголемо производство на електрична енергија, а мала потрошувачка.