Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Вицепремиерот Николоски ќе обелодени нови авио дестинации

Владините напори за раздвижување на авио сообраќајот од двата македонски аеродрома досега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владините напори за раздвижување на авио сообраќајот од двата македонски аеродрома досега дадоа одлични резултати.

За неполна година, од Скопје и Охрид се воведени дури 16 нови авио линии до повеќе европски дестинации. Како најново, од есенва на мапата на унгарскиот „Визер“, кој оперира од Македонија, се и Стокхолм, Мадрид, Келн, Бари и Прага.

Добрата вест е што листата на дестинации дополнително се проширува, а за колку и каде јавноста ќе дознае за кратко – од вицепремиерот Александар Николоски и извршниот директор на „Визер“ Јаозеф Варади. Двајцата, на заедничка прес-конференција во Владата, ќе ги соопштат деталите за новите дестинации кои ќе го раздвижат авио сообраќајот што бележи солидни стапки на раст.

Реклама

За шест месеци превезени се над 1,5 милиони патници – што претставува раст од 6% на скопскиот, односно 10% на охридскиот аеродром.