Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Вице Заев молчи, не одговара за што разговарал со Кичеец

Откако во судот се појавија докази поврзани со браќата Заеви, „Рекет“ денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако во судот се појавија докази поврзани со браќата Заеви, „Рекет“ денеска остана затворен за јавноста и новинарите. Иако обвинителката Вилма Рускоска вчера најави дека нема ништо против сите да ги слушнат преостанатите три снимки од УСБ-то на Зоки Кичеец, денеска сепак го промени ставот. Побара јавноста да биде исклучена од рочиштето, а како причина наведе дека во снимките се споменувале имиња чиј углед може да биде нарушен.

Се поставува прашањето за кои лица станува збор? Дали можеби за некои од највисоките ешалони на власта? Сомнежите за вакво нешто станаа големи откако вчера на едно од видеата презентирани во судот, се гледа Зоран Милески седнат во скопско кафуле заедно со Вице Заев, братот на екс премиерот. На друго пак се гледа како Катица Јанева оди во вилата на Водно кај Зоран Заев.

Алфа телевизија сакаше да го праша Вице Заев за што разговарал со Кичеец, но тој не одговараше на нашите телефонски повици, а не ни врати ниту на пратената СМС порака.

Реклама

И двете видеа беа пуштени без тонски запис, што според опозицијата претставува обид на Обвинителството да го заштити семејството Заеви. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори за што се разговарало на средбите. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, вели ситуацијата била јасна, претпоставува дека разговорите меѓу поранешната специјална обвинителка и екс премиерот биле за случаи на СЈО.

Јасно што подразбира откопод наречен „Рекет“ во случајов , кој е главата на истиот. За жал го видовме вчера како бара правда во нашата држава. Препоставувам бара нова амнестија трета, четврта која е по ред. Ова рекетирање станало семејна забава, па гледаме не само Зоран Заев туку и неговиот брат се состанувал со еден од тие кои се осомничени и осуден во овој случај, нагласи Мицкоски.

Одбраната се противеше на одлуката и денеска да биде исклучена јавноста. Сметаат дека е прекршен и законот со таквата одлука на Судечкиот совет.

-Членот 354 многу децидно кажува во кои случаи се исклучува јавноста, тоа се интересите на осомничениот, на оштетениот, на одредени лица кои што се таксативно наведени, изјави адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски најави дека утре во Обвинителството за гонење организиран криминал, ќе предаде аудио материјал доставен од укажувач, на кој се препознава гласот на поранешниот премиер. Покрај тоа, ќе доставел и транскрипт на кој се гледало дека Заев бил во тек со нелегалното финансирање на „Меѓународниот сојуз“, како и дека го помагал финансирањето на 1ТВ.

Инаку, денеска Обвинителството заврши со презентирањето на доказите, сега на ред е одбраната на Бојан Јовановски и Катица Јанева, да предложи листа на сведоци.

Матеја Петровски