Реклама
Македонија

Вештачката интелегенција влегува во македонското образование

Идните генерации да не бидат корисници на вештачката интелигенција, туку да развиваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идните генерации да не бидат корисници на вештачката интелигенција, туку да развиваат вештини, за да можат да ја обликуват според потребите на човештвото. Ваков совет на студентите и професорите на штипскиот Универзитет, им даде д-р Марина Василева.  Според оваа професорка  која долги години работи  во Шкотска, како експерт за користење на технологија во образованието Македонија, е меѓу државите кадешто   веќе се зборува на оваа тема но, треба да  креира сопствен кадар кој ќе ја обликува вештачката интелигенција.

   „Ако Македонија, успее да произведува кадри кои ќе ја обликуваат вештачката интелигенција и ќе имат вештини тие да кажуваат што треба и како треба, мислам дека ќе имаме вистинска корист од вештачката интелигенција…креативноста која ние ја имаме, вештачката интелигенција ја нема. Таа е глупа. Ако  не поставиш правилно прашање, ти дава неточен одговор„ изјави  д-р Марина Василева, експерт за користење на технологии во образованието, во Шкотска.

Стравот од вештачката интелигенција произлегува од чувството на непознато посебно кај постарите кои стравуваат дека токму  технолошката неписменост би било причина да останат без работа. Затоа, посебно наставниците, освен традиционален треба да имат и модрен пристап во образовниот процес. 

Реклама

„Мора да се комбинират традиционалната и современата настава, за да имаме по продуктивни резултати и подобри генерации следејќи ги современите трендови доколку сакаме да бидеме дел од современиот образовен систем„ изјави проф. Даниела Коцева, продекан на Факултетот за образовни науки

  „Секогаш кога ќе се појави нешто ново, еве да направиме една аналогија..кога се појавила камерата луѓето, биле избезумени од една страна, а од друга страна велеле дека нема да трае долго, затоа што била статична, менувала еден кадар и немало ништо ново.  Но, човекот е навистина креативно суштество. Измислува нови начини и ја употреба технологијата. Така што убеден сум дека вештачката интелигенција и покрај сите предизвици што ни ги поставува, ние се уште не знаеме како да ја користиме и тоа не плаши„ изјави универзитетскиот професор,Трајче Стојанов.

Во светски рамки расте интересот за воведување на алатки за вештачка интелигенција со кои се олеснува учењето. Иако малку, сепак и кај нас веќе има примери на пеадгози кои  во образовниот процес користат автоматизирани квизови и апликации за интерактивно учење. Експертите, остануваат на ставот дека со внимателно планирање и етичка примена, вештачката интелигенција може значително да го подобри образовниот процес, правејќи го поефикасен и достапен до сите, вклучувајќи ги оние ученици со посебни образовни потреби.